Правила и политика на користење
(Последно изменето на: 28-ми мај 2026 год.)
Користење на веб страната
Потврдувате дека сте на возраст од најмалку 18 години или ако пристапувате на веб-страницата под надзор на родител или законски старател. Двете страни се согласуваат дека оваа веб-страница може да се користи само во согласност со овие Услови и правила за користење. Ако не се согласувате со условите за користење или не сакате да бидете обврзани од нив, Вие се согласувате да се воздржите од користење на оваа веб-страница.
Ние ви доделуваме не-пренослива и не-ексклузивна лиценца за користење на оваа веб страница, во согласност со условите и Условите за користење, за работи како: шопинг за лични предмети продадени на сајтот, собирање претходни информации во врска со нашите производи и услуги и купување. Забранета е комерцијална употреба или употреба во име на која било трета страна, освен ако е експлицитно дозволено од makshop.mk претходно.
Податоци, пријави и информации на корисникот
Нешто што ќе го поднесете до сајтот и/или ни го доставите, вклучувајќи прашања, критики, коментари и предлози, ќе ни стане единствена и ексклузивна сопственост. Не смеете да користите лажна e-mail адреса, да користите лажен или туѓ идентитет, или на друг начин да се обидете да нѐ доведете во заблуда во врска со потеклото на било какви поднесоци.
Политика за заштита на податоци
Личните податоци оставени во формата за комплетирање на нарачка се строго доверливи и заштитени. Тие не се објавуваат јавно, ниту се дозволува пристап до истите. Единствени податоци кои што можат да бидат искористени за промотивни цели исклучиво на MakShop.mk се телефонскиот број или е-маил адресата, со цел да Ве информираме за попусти, нови производи, наградни игри и др.
Информации достапни на веб-страница
Презентациите на производите изразени на оваа веб страна се оние на продавачот и не се направени од нас. Ние сме само препродавачи на сите производи. Сликите и описот на сите производи на MakShop.mk се соодветни на оние кои нам ни ги испраќаат производителите или застапниците на овие производи или брендови.
Линкови и веб-страници на трети страни
Можеме да вклучиме линкови до веб-страници на трети страни во секое време. Во случај корисникот да го следи линкот до друга веб-страница, тој или таа го прави тоа на свој ризик. Ние не прифаќаме одговорност за било која содржина достапна на веб-страници на трети страни.
Испорака
Доставата за нарачки во вкупна сума до 1500 денари се наплаќа 140 денари за сите градови, села и помали места низ цела Македонија. Нарачките во вкупна сума над 1500 денари се доставуваат бесплатно. Доколку сакате да ја откажете нарачката, тоа можете да го сторите во наредните 30 минути од комплетирање на истата, во спротивно истата се процесира и ќе морате да ја превземете и платите при достава.
Политика за рефундација
За време на транспортот производите можат да бидат оштетени и како резултат на тоа, не враќаме пари за неисправен или оштетен производ. НО, доколку имате осигурување на пратката (ова е ново од 28ми јуни 2026 год.) кое се наплаќа 50 ден. со секоја нарачка (при пополнувањето на податоците ќе го видите полето за осигурување на пратката), во тој случај за неисправен или оштетен производ при транспорт, добивате ЗАМЕНА БЕЗ НАДОМЕСТ. Доколку изберете да не платите осигурување на пратката, MAKSHOP не одговара за евентуални оштетувања или недостоци на производот, при транспот и нема да изврши замена или било какво обештетување.
Доколку сте незадоволни од одреден производ, можете да побарате рефундација во рок од 7 дена. Производи кои се во допир со кожа, тело, коса и сл. НЕ СЕ РЕФУНДИРААТ.
Внимание! Доколку се открие било каква злоупотреба на осигурувањето на пратка, случајот ќе биде веднаш пријавен до надлежна институција, а тој вид на злоупотреба е кривично дело.